Многу гнев предизвика она што е направено синоќа веројатно после полноќ или рано наутро на тревникот во дворот на новата црква „Света Преподобна Петка Параскева„ во Кавадарци.На социјалните мрежи денеска тоа го изразија поголем број граѓани.Со трагите од возило со кои е направено скрвнавењето на тревнико на дворот на новата црква, се упатува лош знак, кој не е добар за никого,а најмалку за народот кој живее овде.

-Бог е голем, и нека им прости на оној или оние кои со сториле ова дело рекоа од црквата „Света Петка“ во Кавадарци со кои разговаравме денеска.Ние сме задоволни дека граѓаните со загриженост денеска доаѓаа во црквата за да го осудат чинот и да не подржат нас , да ни пружат добар збор за утеха.Сигурни сме дека виновниците ке бидат откриени, но ние ке им простиме за она што го сториле“-велат од новиот храм.