МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Интегрален текст

„Претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци Горан Тодоров неосновано се заканува. Горан Тодоров е исплашен. Ова е документот со кој АХВ кажува дека компанијата каде тој е директор нема добиено дозвола.

Во овој документ АХВ, со потпис на Зоран Атанасов, како директор на АХВ, а кој воедно е и претседател на Комисијата за земјоделство на СДСМ потврдува дека означувањето и презентирањето на производот се сметаат како измамнички и се во спротивност со законите.

Горан Тодоров го демантираат документите, како овој.

Дополнително повеќе медиуми кои се обратиле до АХВ пишуваат дека компанијата каде Тодоров е директор врши измама на потрошувачите.

ВМРО-ДПМНЕ пренесе во јавноста факт кој е издаден од државна институција. Оттука заканите на Тодоров се само обид за заплашување, кој не поминува.

Се ближи 12 април. Одговорност за лагите и измамите ќе има.„- се наведува во соопштението.

7000000000000000000000