МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Денеска Советниците на Градскиот совет одржаа on line седница подради коронавирусот, на која меѓу другото донесоа одлука за основање на јавна општинска установа, локален вински музеј за регионот „Тиквеш“ со основачки средства од 300.000 денари. Исто така донесоа одлуки за примање донации во корист на Општината, а беше усвоен и извештајот за работењето на ЈП „Комуналец“ во изминатите три месеци од 2020 година.

Исто така беа донесени и измени на одлуката за зонско паркирање и за утврдување на тарифа на цени по зони за зонското паркирање како и план за заштита и спасување на подрачјето на општина Кавадарци.

Важно е да се спомене дека родителите чии деца се згрижени во градинката „Рада Поцева„ се ослободуваат од плаќање на надоместок за месеците април и мај- 2020 година, поради здравствените протоколи.Градоначалникот, Митко Јанчев, рече дека истата е од од големо значење за семејствата. Тој наведе дека се надева оти -„Од 1 јуни комуникацијата ќе биде полесна.“. “Сакам да ве информирам, рече Јанчев , дека активно се реализира комуналната изградба во општина Кавадарци и дека општината и ЈП Комуналец се во добра финансиска кондиција“ нагласи своето обраќање до советниците, градоначалникот Митко Јанчев.

м.д.

344444444444444444444444444444444