Различни се коментарите на социјалните мрежи, за поставувањето на т.н. „лежечки полицајци„-но еден е фактот за ефектот од испупчувањата на патот а кои имаме искуство како фукционираат.За се што се прави се гледаат повеќе страни.Така и за проблемот со безбедноста во сообраќајот брзото возење и последиците од него кој е пробелем и причина број еден за сообраќајките кај нас.Според таа анализа која се темели на веќе добиени искуства, животот е поважен од се . Затоа Општина Кавадрци се реши да продолжи со поставување на средства за намалување на брзината во сообраќајот. А имено од вчера се започна со поставување на средства за смирување на сообраќајот со ширина од 1 метар и висина од 8 сантиметри на следните локации: - ул.Словенска на две локации - ул.Љубашка на една локација, - ул.Ѓоре Брушански на две локации, - ул.Ресавска на една локација, - ул.Јован Планински на една локација, - ул.Пиринска на една локација, - ул.14ти Мај на две локации, - ул.16ти Јуни на две локации, - ул.Ќиро Спанџов на една локација, - ул.Браќа Џунови на една локација, - ул. Ѓорѓи Соколов на две локации, - ул.Орце Николов на две локации, - на влезот во с. Сопот и - на ул.Партизанска во с.Марена на две локации.

м.д.