ПРОМОВИРАНА ПРВАТА КНИГА ЗА ДЕЦА „ПОЕЗИЈА ВО БОИ“ НА АВТОРКАТА АНИТА МИХОВА ДИМИТРОВА
Вечерва во фоајето на домот на култура „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, нашата сограѓанка Анита Михова Димитрова ја промовираше својата прва книга “Поезија во бои“. Станува збор за поезија за деца а авторката веке ја најави и втората книга на која моментално работи. Промотор на книгата беше Микица Илова а останатиот дел од промоцијата го потполнија најмладите. Се читаа песни од книгата што се промовираше а имаше и музичка точка со кларинет.Промоцијата се одвиваше според сите протоколи за работа во време на COVID - 19.
м.в.