ДЕЧИЊАТА ПРЕКУ ИНТЕРАКТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА УЧЕА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ОРА, ПЕСНИ, НОСИИ И ИНСТРУМЕНТИ

Денеска во Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци се одржа Фолклорна работилница за децата со посебни образовни потреби при ООУ “Страшо Пинџур“ од Кавадарци. Оваа фолклорна работилница содржеше запознавање на децата со работата на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ преку интерактивна презентација на ора, песни, носии и инструменти. Предавач на оваа работилница беше Методи Глигоров - дипломиран етнокореолог. Во фолклорнииот дел му помагаше Благица Илиева, кај делот со инструментите помош имаше од Пепи Ангелов а како музичка подршка беа Марјан Тодоровски и Ано Јосифов. Настанот е во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2020“, а е поддржан и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

м.в.