Во изминатите 3 години беа извршени низа интервенции како и реконструкција на булевар „Никола Минчев“.

Беа поставени нови современи семафори, кои придонесоа за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот како и за пешаците. Целосно се асфалтираше целиот булевар, беше изграден нов тротоар и изградба на нов кружен тек. Булевар „Никола Минчев“ доби и ново современо улично осветлување. Во тек е изградба на фонтана на новиот кружен тек која треба да биде готова во текот на наредната недела.

Со реконструкцијата на овој булевар, овој дел од градот доби една сосема поинаква слика, слика на модерен и функционален град