Денеска e 3 декември, во светот i kaj на се одбележува kako Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица.

Годинава истиот е посветен на , „Светот кој ќе биде инклузивен, пристапен и одржлив за време и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот„.

Но лицата со попречености понатаму се најмаргинализираните групи .

Според претпоставките на Светската здравствена организација, околу 15% од светската популација се соочува со некаков вид на попреченост. Попреченоста е дел од секојдневието, имајќи предвид дека секој човек, во некој период од својот живот, ќе се најде во ситуација на времена или трајна состојба на попреченост.Лицата со попреченост генерално се наоѓаат во поголем ризик од здравствени проблеми од останатата популација и додека попреченоста сама по себе не предизвикува поголем ризик од вирусот, многу лица со попреченост имаат специфична здравствена состојба, која ја прави болеста многу поопасна за нив.

По повод Денот на лица со попречености денеска активисти на Црвениот крст, на чело со претседателот на ова Хуманитарна организазија Димитар Каракулев , ја посетија паралелката каде престојуваат учат и се воспитуват деца со посебни потреби.

- „Како претседател на Црвен крст Кавадарци можам да кажам дека како организација во текот на целата година се дружиме и организираме различни активности со децата со попреченост, работиме на нивна социјализација и сме горди на тоа. И во текот на денешниот ден волонтери на Црвениот крст со подршка на Комерцијална банка АД Скопје се дружеа со дечињата од дневниот центар и посебните паралелки и заедно го обележаа овој празник. Уште еднаш, честит нека денот на сите лица со попреченост, на нивните фамилии, на вработените во дневните центри и посебните паралелки, „ напиша Караулев на својот зид на неговата странца на ФБ.

Но, не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество.

128948854_10224419597453471_3332659556759877864_n 128969306_10224419597693477_2082154052424310482_n