МОТИВ ОД СЕЛО СТРАГОВО, свадба во село Страгово. На фотографијата сватовите од Кавадарци со свирачите ја земаат невестата од село Страгово. На коњот седе Александар Хаџи Василев, кој е ковчежар на свадбата. Погледнете го амбиенот во позадината на фотографијата се е природно, чисто, незагадено и етнолошки многу впечатливо. Фотографијата е од 1934 година, а ја снимил Ило Шкартов. Фотографијата е од семејниот албум на Томе Хаџи Василев.

П.Камчевски