НАЈВИСОКАТА НАГРАДА „7-ми СЕПТЕМВРИ “ ЗА КОМПАНИЈАТА ИНЕЛ –ИНТЕРНАЦИОНАЛ И Проф. Др. КИРИЛ ТЕМКОВ

Советниците на кавадаречкиот Совет денеска на 34-та седница донесоа одлука највисоката награда ,,7 септември“ да им ја доделат на компанијата „Инел Интернационал“ -во знак на општествено признание за особени постигнувања во областа на интернет, тв и телефонски и мрежни системи и проф. Д-р Кирил Темков -за особени постигнувања во областа на општествените науки .

images.jpg

Инаку ова година биле предложени и доставени седум предлози, а Комисијата за празници и манифестации на Општинскиот совет се одлучила наградата да им биде доделена на Инел Интернационал и д-р Кирил Темков.Наградата на добитниците ќе им биде врачена на Свечената седница која ке се одржи на 7-ми Септември- Денот н а ослободувањето на Кавадарци.

М.Д.