УТРЕ СЕ НАВРШУВААТ 5 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИПО ТОЈ ПОВОД УТРЕ МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ ОРГАНИЗИРА ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО МОДЕРНО СЛИКАРСТВО

Оваа година се навршуваат 5 години од смртта на Глигор Чемерски. По тој повод, а во сеќавање на нашиот светски признат ликовен уметник утре со почеток во 12 часот во музеј галеријата на град Кавадарци ке биде отворена изложба со која ке се оддаде почит кон неговиот живот и дело. Глигор Чемерски е роден на 9 март 1940 год. во Кавадарци. Средно образование завршил во Скопје, а дипломирал во 1963 год. на Академијата за ликовни уметности во Белград каде потоа се стекнал и со магистерска титула. Во 1962 година во Скопје ја има својата прва изложба (со Насо Беќаровски), а до крајот на животот реализирал околу четириесет самостојни изложби во земјата и странство. Беше член на МАНУ и почесен член на Руската Академија за наука и уметност. Чемерски е несомнено нашиот најобразован творец, сестран уметник кој се испроба и успеа во графиката, сликарството, мозаикот, и е автор е намонументални слики и мозаични композиции во кои до израз доаѓаат културните и уметничките слоеви во нашата земја. Глигор Чемерски почина на 2 април 2016 година во Скопје. Главен и одговорен уредник на изложбата е кустос – советник Весна Ѓорѓиева –директор а како куратори на истата се појавуваат кустос историчар на уметност Билјана Галабова и кустос историчар на уметност и археолог Трајче Цветков

М.В.

167937753_771075786870744_2498571980191549777_n 167395113_1055604731629935_4427932873477490629_n