Интегрален текст на реакцијата :

„Во време кога Македонија се соочува со економска и здравствена криза како последица од пандемијата и лошото менаџирање на власта, СДСМ се обидува да ги убеди граѓаните дека економијата е стабилна. СДСМ се изгубени и во времето и во просторот.

Наместо да држете празни прес конференции, нека ги погледнат фактите: - 55.000 граѓани во 2020 година ги изгубија своите работни места, и дополнителни 4.700 во првите два месеца од 2021 година. Тоа се скоро 60.000 граѓани на улица и без основна жовотна егзистенција. -Над 6.200 фирми ставија клуч на врата според податоците од Централниот регистат. -Над 10 проценти од фирмите немаат исплатено плати за работниците според податоците на Управата за јавни приходи. -За 122 денари во март зголемени основните трошоци на едно семејство. - Стапката на инфлација во март 2021 година надмина 2%, при особено висок раст на маслото за јадење од 15%, трошоците за домување од 4,5% (со најголем придонес на растот на цената на струјата од 7,5%) и висок раст на хотелските и ресторанските услуги. -Индустриското производство за првите два месеца е паднато за цели 14 проценти. -Градежништвото во јануари забележа двоцифрен пад. Ова ли е успех со кој се фали СДСМ и Зоран Заев? Мерките на Заев и СДСМ не значат помош за граѓаните и фирмите, туку служат за поткуп во форма на еднократна помош.

Ваквите мерки, задоцнети, ненавремени и нереални значи колапс на економијата и осиромашување на народот. СДСМ не води грижа за граѓаните, единствено им е важно полнење на џебовите на партиските функционери, додека граѓаните немаат леб да јадат. Единствено што цвета со СДСМ и Заев е криминалот и корупцијата.“

- се наведува во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.,