Почина Д-р Манчо Мицаков , кавадарчанец кој потекнува од старо кавадаречко семејство, сограѓанин кој беше по природа ведар и оптимистичен , кој со големи симпатии влезе во политиката на крајот на минатиот век а потоа беше избран и за прв човек на градот. Инаку повеќето од нас го знаат како специјалист стоматолог (оралерн хиругрг) .По природа позитивен човек со многу пријатели , што зборува за неговата харизма , како обичен човек.

Денеска со соопштение се прости и актуелниот градоначалник Митко Јанчев.

Интегрален текст.

“Од името на Општина Кавадарци и од свое име, сакам да изразам најдлабоко сочувство до членовите на семејството по пoвод смртта на специјалист орален хирург д-р. Манчо Мицајков. Д-р. Мицајков беше првиот градоначалник на Кавадарци избран од граѓаните на првите слободни повеќепартиски локални избори одржани во 1996 година. Ќе го паметиме како скромен политичар и народен човек кој довербата од граѓаните ја сфаќаше пред се како обврска, а не како привилегија. Раководеше со Локалната самоуправа во бурните години на транзицијата, кога општината соочена со болните промени во општественото уредување на државно и локално ниво се соочуваше со низа на предизвици и пречки од финансиски и политички карактер. И покрај тоа Мицајков успеваше работењето да го насочи во правец на подобрување на тогаш новата актуелна реалност во менаџирањето на локалната самоуправа произлезена од примената на новите и релативно непознати законски решенија. Но сепак и во таквите предизвикувачки околности, Мицајков успеа да реализира неколку значајни проекти пред се во комуналното уредување како основна надлежност на општината. Во зачетокот на новата локална демократија д-р. Манчо Мицајков во корелација со тогашниот состав на првиот повеќепартиски Совет на општината го поставија темелот и го трасираа патот на идниот развој на општината Кавадарци во услови на демократија и демократско општество. Нека му е вечна слава. „

-се наведува во писмото со сочувствтото на градоначалникот Митко Јанчев упатено до семејството на поранешнииот граданачалник Д-р Манчо Мицајков.