КОЛКУ ПРВАЧИЊА КЕ СЕ ЗАПИШАТ, КОЛКУ ДЕВЕТООДДЕЛЕНЦИ ЗАВРШУВААТ, КОЛКУ ИДНИ СРЕДНОШКОЛЦИ СЕ ОЧЕКУВААТ

Во услови на пандемија учебната 2020/2021 во општина КАВАДАРЦИ полека привршува.

Годинава основно образование завршуваат 319 ученици од деветолетката во сите 6 основни училишта кои гравитираат во Кавадарци заедно со нивните подрачни училишта. Во основните училишта „Тошо Велков Пепето“ и „Тоде Хаџи Тефов“ основно образование завршуваат 66 деветоодделенци, во „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци 57, во „Страшо Пинџур“ 51, во „Гоце Делчев“ 47 и во „Димката Ангелов Габерот“ од Ваташа 32. За следната учебна година во сите 6 основни училишта планирано е во прво одделение да се запишат 343 ученици кои гравитираат на територијата на општина Кавадарци.Очекувањата за упис во средните училишта во Кавадарци двојно ја надминува бројката на завршени основци. Во гимназијата „Добри Даскалов“ се очекуваат 238 нови средношколци, во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ 186 и во СОУ „Киро Спанџов Брко“ 245 или вкупно во трите средни училишта се очекува да се запишат 669 ученици во прва година. Годинава средно образование во гимназијата „Добри Даскалов“ завршуваат 181 ученик, во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ 29 и во СОУ „Киро Спсанџов Брко“ 109 матуранти.

Во општина НЕГОТИНО 169 ученици завршуваат девето одделеение и тоа во ООУ „Гоце Делчев“ 87 и во ООУ “Страшо Пинџур“ 82. Планирано е во прво одделение да се запишат околу 200 нови основци и тоа во ООУ Гоце Делчев“ околу 90 и во ООУ „Страшо Пинџур“ по список 114.Во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ годинава имаме 131 матурант а се очекува во прва година да се запишат 297 ученици.

М.В.