Работодавачите и невработените лица од Кавадарци денеска имаа можност дададат свои предлози, идеи, размислувања и критики во Центарот за вработвање во Кавадарци каде се сретнаа со првите луѓе на Агенцијата за вработување на РМ. Директорот Влатко Поповски нагласи дека во наредниот период нивните критики и сугестии ќе бидат прифатени со голема доза на сериозност и ќе бидат ставени во оперативниот план на Агенцијата за 2017 година, бидејќи само така може да се дојде до поквалитетно работно место и вработување на голем број граѓани со поголема економска придобивка за самите нив.

Раководителот на Центарот за вработување Благој Борисов истакна дека ваквите денови вродуваат со плод бидејќи и невработени и работодавачите можат директно од првите луѓе да се информираат за најновите мерки на Агенцијата.

Во моментов во АВРМ активни се три огласи: огласот за сретфикација за ворд и ексел, за напредни ит вештини и огласот за бизнис англиски јазик за којшто се добива сертификат „Булатс“кој се полага во британскиот совет во Скопје и со него се добива сретификат од Кембриџ Универзитетот од Англија. Отворен ден АВРМ денеска реализираше и во општина Росоман.