Црвениот крст на Кавадарци го одбележа светскиот ден на Крводарителството.

На 14 јуни традиционално ширум светот се одбележува овој ден. Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти.

Воедно на овој ден се настојува да се насочи вниманието кон луѓето – крводарители кои својата хуманост ја изразуваат дарувајќи крв волонтерски.

Овие луѓе се вистински модерни херои. Нивниот придонес останува клучна алатка во спасување животи на светско ниво.

Во Кавадарци , во Винскиот музеј, говореа претседателот на Црвен крст на Кавадарци Димитар Каракулев и градоначалникот Митко Јанчев .Беа доделени јубилејните награди на крводарителите а благодарници им беа доделени на поединци заслужни граѓани и фирми за крводарувањето.

201194693_931950767365251_196052143524229086_n 201808825_951744655610697_5345061880334102971_n