Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци од 25 до 28 јуни 2021 учествуваше на Меѓународниот фолклорен фестивал “СТИГ“ во општина Мало Црниче во Република Србија. И повеќе од успешно настапи со кореографии на македонски игри и песни на повеќе фестивалски сцени на радост на посетителите и организаторите на фестивалот. Организаторот одлучи машката народната носија на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ да ја прогласи за најдобра на фестивалот. 207290503_1217810091981261_1594989700228622443_n 207408433_662622358471542_8516893129466163527_n 208942714_511657910169544_1645555128130284810_n 211271757_818807568804878_4689146970993932743_n