Празникот Курбан Бајрам се празнува 4 дена. Ова е празник на хуманоста и солидарноста. Во овие тешки времиња во време на економска криза предизвикана од светската пандемија Ковид - 19 треба несебично да си помагаме еден на друг без разлика на вера и нација. Затоа сакам од мое лично име на сите припадници од исламска вероисповед да им го честитам Курбан Бајрам и овие празнични денови да ги поминат во мир, хармонија, среќа и здравје со своите најмили. Честит Курбан Бајрам .

Со почит,

Кабинет на градоначалник

М-р Митко Јанчев