МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

На изборите закажани за 17 октомври во Кавадарци поддршката од граѓаните ќе ја бараат пет независни советнички листи чии носители се Петар Камчевски, Ристо Сакалиев, Јован Златевски, Митко Камчев и Марјанчо Арангелов.

Нема ниту една независна кандидатура за градоначалник на Кавадарци.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги објавија кандидатите за градоначалник кои ќе учествуваат во изборната трка. СДСМ ќе ја бара поддршката од кавадарчани за Горан Тодоров, а ВМРО-ДПМНЕ за Митко Јанчев.