“Денесka за прв пат во училишните клупи во нашата општина ќе започнат со настава вкупно 407 првачиња а вкупно 3216 ученици ќе посетуваат настава од прво до деветто одделение.

Во изминатите години во сите училиште беа реализирани повеќе инвестиции со кои добивме подобри услови за нашите деца и пријатна атмосфера за престој. Континуирано работиме на тоа сите училишта да бидат современи и да вложуваме во нивниот развој.

Драги првачиња, пред вас е еден нов свет во кој ќе запознавате многу нови работи. Вашата љубопитност секој ден ќе станува се поголема а со тоа и желбата за повеќе да истражувате и да учите. Од денес вие сте во нов, за вас непознат свет кој ќе ви донесе многу знаење, нови другарчиња и многу поминати денови во дружба и учење.

Виа , драги ученици, од денес продолжувате со редовна настава, која верувам ви недостасуваше изминатиот период. Овој нов почеток нека биде исполнет и со нови желби за надградување на вашите знаења и постигнување на нови успеси.

Почитувани вработени во образовниот систем, на вас останува најтешката задача, да ги образувате и воспитувате децата. Вие имате голема одговорност во развојот на сите деца. Ви посакувам оваа година да биде успешна за вас а со тоа и за сите ученици.

Среќно првачиња.

Среќно ученици.

Успешна година на сите образовни работници.“

- се наведува во пораката до учениците и наставниците на градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, по повод почетокот на учебната година.