МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вечерва беше отворена изложба на декорирани и осветлени лејки

Вечерва во Музеј галеријата Кавадарци беше отворена изложба насловена како „Тиквешка магија“ од авторот Звонко Спасовски. На изложбата беа презентирани преубаво декорирани и амбиентално осветлени лејки кои се резултат на дарба, едукација, имагинација, креативност, уникатност и прецизност на авторот за кого оваа е прва самостојна изложба. Лејките се изработени со техниката на горење односно цртање со вжештен предмет наречен пирограф. Спасовски за себе рече дека не се чувствува како уметник но токму тоа му е предизвик за нови остварувања.

263796286_824101635025003_8052961848539985545_n 263996802_444830657047776_145778547770736654_n 264314297_419396346336491_8472682813164394927_n 264894221_654118302360539_1332420414389651508_n

М.В.