ЖКК,,Пробаскет,, ја забележа првата победа во првенството совладувајќи го Работнички со 78-63

Викендов продолжија возбудувањата во машката и женската македонска кошаркарска елита. Кај момците Еуроникел требаше да се сретне на домашен терен со тимот на ТФТ но поради големиот број на позитивни на Ковид 19 федерацијата ја презакажа оваа средба за 3 февруари. Во останатите средби од ова 13 коло Пелистер - ФМП 94-73 , Феникс - Работнички 102-51 , Куманово - Гостивар 84-96 , Кожув - МЗТ 71-86 и МЗТ 2 - Ангели 81-82.Девојките од елитната група А го одиграа 12 коло. Екипата на Пробаскет во продолжение на сезоната ке настапи осетно засилена. Клубот ја доведе кавадарчанката Теа Митрева од екипата на Баскет КАМ која треба да ја засили организационата линија ви тимот како и корпулентната американка Кејтлин Томас. Од клубот најавија уште едно две засилувања во обидот прво да изборат опстанок во елитата а потоа и да разигруваат за титулата. Новите имиња во клубот веднаш вродија со плод па Пробаскет ја забележа и првата победа сезонава совладувајки го Работнички со 78-63. Средбата беше рамноправна само во првите 5 мин а потоа доминираа кавадарчанки. Стоева постигна 24 поени Георгиева Атанасова 21 а Митрева, Томас и Петровска по 8. Во останатите средби Баскет КАМ - Вардар 72-59, Бадел - МЗТ 71-64 и Кр. Паланка - Струга 75-67

М.В.