МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Добра премиера...Да не беше тајфата на Диме Коцевски ќе заборавевме што е тоа театар и комедија...

Ова флоскула ми се мота во главата иако не може така во апсолутна смисла да се каже. Премиерата на „Како да (не) снимиш мрсен филм„ која ја гледавме синоќа е продожение на една успепшна серија на комедии кои актерот и режисер Диме Коцевски ги подготвува со своите актери,колеги и пријатели во Домот на Култураата„Иван Мазов Климе“.Претставата беше исполнета два часа со замрсено дејство ,исполнето со хумор, кавадаречки говор, смеа,досетки, тетарска игра, кое пак придонесе за одлична комуникација со публиката која и овојпат беше во голем број.

Не глумеше целата екипа на Коцевски , но тоа не се осети.Но за тоа ке зборуваме друг пат.

Овојпат сакаме да кажеме дека 30 години не се малку тетаратко творештво и игра за Диме.Тој покажа дека знае театар и добро ни го предава нам на консументите.Тој знае дека ја сакаме неговата игра и говор на сцената , ни го дава тоа што го сакаме, и приказната е завршена.Така беше овој пат.Дејството на новата претстава која Коцевски на адатптира, режира и ја глуми е типичерн доказ дека комедијата му оди од рака и има публика за неа кај нас во Кавадарци.Но без Видан Станоев приказната нема да биде таквца.Видан и дава една свежина шгаг на тортата, или појасно тој го се зачинува јадењето со состојки кои даваат комплетен вкус на јадењето.Е токму зачинот е Видан.Вечерва бриљираше, според мене, слободно можам да кажам дека тој како аматер -актер одамна ги надминал некои приофесионалци со својата тетаерскја игра.

Но мораме да кажеме дека одлични беа актерските креадции на ; Александар Видиков, Саше Орешков, Надица Ангелкова, Кристина Јованова, Деан Атанасов, Сијче Трајкова и Никола Деков кој со самата појава во публиката предизвикува позитивна енергија.Суфлери беа Благица Илиева и Мартина Крчева.Костимографија која попсебно миу се допадна и шминката на Сара Милевска.Музика и светло: Пепи Ангелов,сценографија-Диме Темков.

А Коцевски кој годинава прославува 30 години работа во театарската игра верувам дека дава приодонес во вкупната театарска култура кај нас а ќе продолжи и натаму.Треба само да го подржиме.

Премиерата беше синоќа а првите репризи се на на 1 Јуни (среда) и на 3 јуни (петок).

283071324_1684034641936947_3551375400862551593_n 284268094_423633925969875_7929812272266510089_n 284347357_6173193286043386_6958633858492303559_n 284408181_1518776675183657_7075500794990173765_n