МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Згрижувачко семејство им треба на децата кои не можат да живеаат и растат со сопственото

Кога децата не можат да растат со сопственото семејство, потребно им е друго – згрижувачко семејство кое ќе ги заштити и исполни нивните потреби. На децата им требаме сега – Подај рака и промени живот! Стани згрижувач. Ова е мото на проектот кој вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци го промовираше МТСП на РСМЗа важноста од развој на мрежа на згрижувачи говореше госпоѓа Јована Тренчевска, Министер за труд и социјална политика на РСМ, потоа за развојот на социјални услуги во локалната заедница говореше градоначалникот Митко Јанчев кој даде сесрдна подршка на ваквите активности. Поддршка на згрижувачите даде и директорот за програми и развој на СОС Детско село господин Марио Јанчев. Сопствени искуства споделија Лазар Крчов од Кавадарци и Јагода Јакимовска од Скопје како згрижувачи како и модераторот Цеце Николовска која посочи дека доаѓа од згрижувачко семејство. На крај Весна Дамјановска, Директор на Центарот за социјална работа Кавадарци истакна дека во Кавадарци во моментов има три згрижувачи

viber_image_2022-06-28_22-29-57-441 viber_image_2022-06-28_22-30-18-425 viber_image_2022-06-28_22-30-32-173

М.В.