МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Продолжува бесплатната школа за кошарка за основците од Кавадарци

- И оваа учебна година, со поддршка од DRӒXLMAIER, учениците од основните училишта во Кавадарци имаат можност секој ден во неделата да посетуваат бесплатнитренинзи за кошарка во салата „Јасмин“.Тренинзите се одвиваат во неколку термини во текот на денот прилагодени според училишните активности на основците, а под раководство на кошаркарски тренери со врвно долгогодишно искуство.Унапредување на здравјето и создавање чувство на заедништво .Поделени во неколку возрасни групи во машка и женска конкуренција, учениците полека, но сигурноги совладуваат техниките на кошарката и истовремено го одржуваат своето психо-физичко здравје.Во рамки на спортот тие ги развиваат своите способности за концентрација и координација и што е најважно развиваат чувство на заедништво.Тренинзите се соодветно прилагодени за возрасните групи, така што можност да тренираат имаат ипочетниците, но и оние коишто имаат напредни познавања од областа на кошарката.Се зголемува интересот кај учениците за тренирање кошарка-„Во моментов во спортската сала „Јасмин“ тренираат околу 70 ученици распоредени во три групи.Интересот кај основците за овој спорт сѐ повеќе се зголемува, така што во периодот што следува ќе биде воведена уште една четврта група“, вели Зорица Стојанчевска, директорка на спортската сала„Јасмин“

-„DRӒXLMAIER неколку години наназад ја поддржува салата „Јасмин“ и кошаркарската школа за што сме неизмерно благодарни. На ваков начин заедно со компанијата дејствуваме во насока на промоција на спортот и унапредвање на здравјето на учениците“, додава таа.DRӒXLMAIER покажува грижа и за своите вработени .Вработените во DRӒXLMAIER, исто така, неколку години по ред два пати во неделата ја користатможноста да се рекреираат и да спортуваат во салата „Јасмин“. „Среќни сме што нашата компанија покажува грижа за своите вработени, така што ни овозможува да се релаксираме по завршувањето на работните активности. Преку спортот уште повеќе го развиваме тимскиот дух, а се зголемува мотивацијата и продуктивноста на вработените“, вели Деан Смилевски, вработен во DRӒXLMAIER.Компанијата продолжува со поддршка за спортот и заедницата.Од своето основање во земјава, DRӒXLMAIER вклучувајќи ги своите вработени, постојано иницирапроекти за промоција на спортот особено кај младите луѓе. „Драго ни е што придонесуваме за развивање здрави животни навики и кај младите луѓе, но и кај нашите вработени. И понатму, како и до сега, ќе останеме посветени на нашата цел за постигнување највискои можни вредности за заедницата во којашто делуваме“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

thumbnail