МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на совет д-р Стојанче Рамов ги доделија благодарниците на сите учесници во организацијата на "Тиквешкиот гроздобер 2023". - Јанчев рече дека ова немаше да биде можно без сите оние кои се вклучија во организацијата и на кои им заблагодари. Тука, прво се мисли на сите служби на Општина Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и угостителите кои се всушност и носители на овој настан, на медиумите кои го следеа секое случување, секој настан и информираа за тоа, и секако, најголема благодарност на кавадарчани, кои како и секогаш се покажаа не само како добри домаќини, туку и учесници, и секако благодарност до сите посетители и гости од Македонија и надвор од неа, кои изминатиот викенд го поминаа во Кавадарци. За градоначалникот најважно беше тоа што сите три дена беше безбедно за секој и секаде. Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни и музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде, и секако од државниот врв. Имавме успешен Тиквешки Гроздобер рече градоначалникот. И затоа во знак на почит и благодарност, на сите кои имаа било каков придонес во испишувањето на оваа приказна под отворено небо денеска им беа врачени благодарници.