Кавадаречкото корзо-забава без пари

Kaвадаречкото корзо според нашите повозрасни генерации имало голема традиција.Првото корзо или шеталиште кое што го паметат нашите родители и дедовци во Кавадарци е прикажано на фотографијата од 1955 година .Се протегало од киното “Балкан“ до мостот на реката „Луда Мара“, по улицата 7 ми Септември.На ова денеска не потсети кустос-историчарот Петре Камчевски од Музеј-галерија.

12346332_1120846291289487_6873995344633670993_n.jpg

1931207_1131342023573247_1303125288594559453_n.jpg

12299180_1116672588373524_465169755820624277_n.jpg

12715509_1162909840416465_1167395387083168847_n.jpg

На наредните фотографии е локацијата на корзото кое се „сели“ на улицата „Илинденска“ тогаш поделена на булевар со „острово“ на средината.По ова шеталиште немаше сообраќај,истиот беше забранет од 18 до 22 часот.Корзото ги собираше на едно место сите генерации ,од Кавадарци:Од тинејџери –кои шетаа по тротоарот кај сегашена сендвичара „Мерлин“ потоа шетаа девојки и момчиња , оженети и омажени до млади во брак со деца по тротоарот кај Поштата.Непишаните правила на корзото ги почитуваа сите.

(фотографиите за корзото од 60-те преземени од ФБ –профилот Photographs of the city Kavadarci)