Срушени две куќи на местото на поранешна Стоковна куќа

На фотографијата,според податоците од Музеј Галеријата е кадар од Кавадарци во 1958 год. Се гледаат куќите на Игно Оравечки, на Диме Апостолов Џамбазот, продавницата на “Борово“, на “Бел Камен“, зградата на Собранието на општина Кавадарци.Борис Анев во врска со ова фотографија вели дека во исто време кога се срушија куќите во кој беше Борово се сруши и нивната стара турска куќа која дедо му Никола ја купил 1905 година а по тапијата била стара 360 години.Никола Анев загинува на Солунскиот фронт мобилизиран од Србите но до ден денес не се знаел неговиот гроб. А вратите од куќата која беше на местото на стоковната куќа во која беше и Борово ,се вградени во нивната изработена за време Кралството Југославија од тогашните мајстори од Кавадарци .