Најголемите амбасадори на македонската национална култура и самобитност,Анасамблот „Танец“ синоќа имаше настап во Кавадарци.

Поводот беше денот на ослободувањето на Кавадарци:71 години од ослободувањето на градот и 8 Септември- Денот на независноста на Македонија.

Што да кажеме за „Танец“.Професионално,неповторливо,без ниедна задршка,тие имаа целовечерен концерт на Градскиот плоштад, за жал пред малку публика, според авторот на овие редови едвам две три стотини посетители . Тоа е мала бројка за еден ваков предизвик каков што е „Танец„-вистинска македонска гордост кога се работи за етнофолкорот и македонската национална култура.Оние што беа , имаа привилегија да присуствуваат на несекојдневен концерт,кој долго ке го паметат.Организаторот овој пат, за поводот: „7 Септември, и 8 Септември; да го донесе „Танец“, направил вистински погодок. Инаку,за оние кои малку знаат, Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

М.Д.( фото: A.T.)