МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Ова капитално издание на авторот Добре Ставров од печат излезе деновиве, а наскоро ќе биде организирана промоција

Обемно,со многу податоци ,со фотографии, табели,прецизни детали, и опфат на 120 години-време во кое се школувале и потоа завршиле повисоко образование или останале на гиманиското точно 10.213 ученици.

Кога денови се сретнавме со Добре Ставров- авторот на ова книга тој не предупреди дека не се работи само за голо собирање и средување на податоци ни нивно печатење, туку и за тематски приказ на општествено политичката состојба на периодите кога постоела Гимназијата во Кавадарци и во неа се школувале средношколци-ученици.Опишани се економските и политичките времиња во кои таа работела како образовна институција-Во Тускиот период,за време на Балканските војни,Кралството Југославија,Бугарската окупација , времето после ослободувањето до 2013 година .

Во книгата „120 години гимназиско образование во Кавадарци“ се поместени 273 фотографии,30-табели.Ставров дошол до податокот дека овде матурирале 10.213 ученици од кои 4.985 завршиле високо а 934 више образование или над 55 насто од учениците завршиле повисоко образование од гимазиското. 58 ученици станале доктори на науки а 178 станале магисти на разни науки.Од големата бројка на ученици и гимназисти матуранти низ економските и политичките води се етаблирале и над 30-тина од нив станале познати како сопственици или раководители на економски субјекти или политички функционери.Од вкупната бројка на завршени матурани околу 1.000 се поосветиле на економските науки- завршиле економски фактултет а 727 завршиле Правен факултет.

Книгата треба да се прочита и да ја има секое семејство во Кавадарци зашто на било кој начин, во многу наши семејстава барем еден член а некаде и две три генерации учеле Гимназија и ги има во книгата.

Taа ке биде промовирана наскоро во Кавадарци.