СЕ ЗАОСТРУВА БОРБАТА ЗА ТРЕТОТО МЕСТО КОЕ ВОДИ ВО ПЛЕЈ ОФ ГРУПАТА

Во машката ракометна суперлига група Б викендов ке треба да се одигра редовното коло. Претходно, вчера екипата на „Прилеп“ во заостанат натпревар го совлада тимот на „Работнички“ со резултат 27:24 но не се одигра заостанатиот натпревар во кој „Еурофарм Пелистер 2“ требаше да се сретне со „Металург“. Ваквиот потег отвара сомневање за задкулисни игри односно битолчани мораше да го играат овој натпревар но сепак го одложиле најверојатно затоа што утре, сабота во Кавадарци ги чека многу важен натпревар со екипата на ГРК „Тиквеш“ во борба за место кое води во плеј офот. РФМ не смее да дава вакви попусти и прави вакви пропусти бидејки заостанатите средби пред се на „Металург“ досега требаше да бидат одиграни. Како и да е во борба за место во плеј офот кавадаречките ракометари сами си ја решаваат судбината. Утре го пречекуваат битолскиот состав а потоа му гостуваат и на „Прилеп“ и на „Работнички“ кои им се дирекни конкуренти. Во недела се играат останатите две средби а се очекува најинтересно да биде на средбата „Работнички“ - „Металург“ бидејки доколку домашните загубат а „Тиквеш“ победи разликата меѓу овие две екипи ке биде големи 6 бода. Прилепчани се фаворити во Богданци и се очекува да ја продолжат мртвата трка со нашите ракометари. Средбата „ГРК Тиквеш“ - „Еурофарм Пелистер 2“ се игра утре, сабота со почеток во 19 часот во салата „Јасмин“ а МТВ обезбеди директен пренос сите љубители на ракометот.РТК.МК ке го преземе и емитува линкот од средбата на својот профил.

м.в.

129075870_501626290742387_7192861850834806781_n