ПРОДОЛЖУВААТ ВОЗБУДУВАЊАТА ВО РАКОМЕТНАТА ПЛЕЈ АУТ ГРУПА А КАВАДАРЧАНИ КЕ БРКААТ ВТОРА ПОБЕДА ВО БОРБАТА ЗА ОПСТАНОК ВО ЕЛИТАТА

Продолжуваат и ракометните возбудувања во ракометната супер лига во плеј аут групата.Ракометарите на ГРК Тиквеш утре од 18 часот во салата Јасмин ке го пречекаат тимот на Астраион. Нашите ракометари со победа стартуваа во ова натпреварување и на некој начин се благи фаворити во дуелот со струмичани. Во останатите средби дербито ке се одигра во Радовиш каде истоимената екипа го пречекува тимот на Младост.Радовишани кикснаа во првото коло и неочекувано загубија од Работнички и мора да се рехабилитираат доколку сакаат висок пласман. Работнички пак го пречекува тимот на Прилеп кој исто така киксна во првото коло и загуби од КЛ 7 па сега ке имаат многу тешка задача да се вратат во игра за висок пласман. Екипата на КЛ 7 на домашен терен во скопската пресметка е фаворит во дуелот со Јуниор КВ.

Средбата ГРК Тиквеш - Астраион се игра утре, среда од 18 часот со директен пренос на РТК.МК

М.В.