ДУЕЛОТ НА НЕПОРАЗЕНИТЕ ВО РАКОМЕТНИОТ ПЛЕЈ АУТ ДИРЕКТНО НА РТК.МK и Live Streaming | Ракометна Федерација на Македонија

Викендов се играат средбите од 5 коло во ракометниот плеј аут. Најинтересно се очекува да биде во Кавадарци каде ке се сретнат екипите кои во досегашните 4 кола сеуште не ја почувствувале горчината на поразот. Домаќинот, екипата на ГРК Тиквеш е благ фаворит не само заради домашниот терен туку и заради искуството и поединечниот квалитет на играчите. Од друга страна младиот тим на КЛ 7 како предност ја има желбата за докажување и квалитетниот мотив по стартните 4 победи. Двете екипи ке сакаат да ја продолжат серијата без пораз што гарантира квалитетна ракометна претстава. Интересно и неизвесно би требало да биде и во дуелот на трето и четвртопласираната екипа на табелата. Во Богданци екипата на Младост го пречекува тимот на Работнички а двете екипи досега забележаа само по еден пораз. На останатите две средби во борбата за опстанок благи фаворити се гостинските екипи. Прилеп ке се обиде да впише нови бодови на гостувањето во Струмица кај Астраион додека Радовиш ке ја брка првата победа на гости во Кисела Вода кај Јуниор.

М.В.