5 ЕКИПИ СЕ ИЗДВОЈИА НА ВРВОТ ВО БОРБА ЗА 4 МЕСТА КОИ ЗНАЧАТ ОПСТАНОК

Петтото коло од плеј аут групата од ракометнста суперлига помина според предвидувањата и очекувањата. Во големото дерби Тиквеш го совлада КЛ 7 со 30:27 но гостите покажаа дека имаат млад талентиран состав кој заслужува место во елитата. Кавадарчани точно знаеја што сакаат и како да дојдат до тоа и заслужено славеа.Во второто мини дерби Младост во Богданци славеше минимално против Работнички 24:23 па сега се израмнија бодовно на табелата со скопјани. Прилеп очекувано славеше во Струмица против Астраион со 25:29 додека Радовиш ја забележа првата победа и тоа во Кисела Вода на теренот на Јуниор со 32:34.

М.В.

172331234_959793508100816_6828383377044516469_n