МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЕУШТЕ НЕ Е ДЕФИНИРАНО ДАЛИ КЕ СЕ ИГРА ВО БАЛОНИ ИЛИ ПО ПРИНЦИП ДОМА ГОСТИ

Поедини медиуми денеска излегоа со информација дека кошаркарскиот плеј-оф, односно разигрувањето за титулата ќе се игра според нов систем и тоа со присуство на публика а не како досега пред празни трибини.

Поради подобрената ситуација со коронавирусот натпреварите нема да се играат во таканаречените „балони“ како што беше предвидено, туку системот на натпревари ќе биде дома-гости. Меѓутоа на вчерашниот состанок во федерацијата присуствувале сано 5 клуба од 8 кои ке учествуваат во плеј офот и ке мора да се почека сите да гласаат. Новост е тоа што во салите ќе биде дозволено присуство на 30% публика. Засега не се знае како ќе бидат организирани натпреварите и дали ќе може да присуствуваат организирани навивачки групи, или ова ќе важи само за неутрални гледачи кои нема да се групираат.

За разлика од првенството, на завршницата во Купот на Македонија која ќе се игра во СРЦ „Кале“ претстојниов викенд нема да биде дозволено присуство на публика.

Разигрувањето за титулата би требало да стартува на 19 мај.

М.В.