ВАЖЕН НАТПРЕВАР ЗА ДВЕТЕ ЕКИПИ ВО РАЗВРСКАТА ЗА ОПСТАНОК ВО РАКОМЕТНАТА ЕЛИТА

Ракометните суперлигашки возбудувања продолжуваат онаму каде и застанаа на 5 кола до крајот од сезоната.

Денес и утре ќе се одигра 10. коло од суперлигашкиот плеј аут по кое можеби некои нешта ќе станат појасни или можеби и дополнително ќе се „замрсат“ работите. По ред. Денеска од 16.30 екипата на КЛ 7 го пречекува отпишаниот Астраион и најверојатно ке го збогати бодовното салдо на 18 бодови вкупно. Од 18 часот денеска се игра и дербито помеѓу Радовиш и Прилеп. Радовиш сака да ја продолжи победничката серија од 5 натпревари во низа и со победа би се израмниле со прилепчани според бодовите на табелата. И двете екипи би имале така по 18 бодови колку ке има и КЛ 7 доколку ги победат струмичани. Но и прилепчани имаат своја математика. Тие веке имаат 18 бодови, 3 помалку од лидерот Тиквеш и со победа би ја продолжиле трката со кавадарчани за позицијата број 1. Утре од 17 часот Работнички ќе игра дома со Јуниор КВ, а пораз за едниот од двата тима ке значи само теоретски шанси за опстанок.

Ова 10 коло ке го затворат ГРК Тиквеш и Младост со средбата која ке се одигра во Неготино со почеток од 19.30 и директен пренос на РТК.

Оваа средба има огромна важност за двете екипи. Со победа кавадарчани остануваат лидери и при евентуална победа на Радовиш денес, би се одлепиле на + 6 бода од конкурентите. Но и Младост доколку сака да остане во трката за опстанок во елитата мора да ги победи кавадарчани.

М.В.