На 26.06.2021 година се одржа Државно првенство за помлади пионери/ки и Државно првенство за Кадети/ки кој се одржа во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп. Џудо Клубот Кожувчанка зеде учество со 10 џудисти од кој 2 помлади пионери/ки и 8 кадетики и освои вкупно 9 медали од кој 2 златни медали ; 3 сребрени медали и 4 бронзен медал.

Екипата ја предводеше тренерот Tрајче Марков кој воедно е презадоволен од резултатите од Државно првенство за оваа година .

Во категоријатра-помлади пионери/ки Дариа Јованова до 44 кгр. го освои 2 место а Јован Димиттов 3 место.Тој се натпреваруваше во категорија до 34 кгр.

Во категорија на Кадети/ки. нашите беа одлични и ги освоија овие позиции:

Марија Илиeвска 1 место до 48 кгр.

Мила Јованова 1 место до 63 кгр.

Игнат Петров 2 место до 50 кгр.

Никола Јанев 3 место до 60 кгр.

Благој Тодоров 2 место до 73 кгр.

Никола Петров 3 место до 73 кгр.

Филип Попоски 3 место до 73 кгр.