ПРВАТА ПРОЗИВКА Е НАЈАВЕНА ЗА 29 ЈУЛИ А ПОТВРДЕНО Е УЧЕСТВО НА ТУРНИРИТЕ ВО СТРУГА И ПРИЛЕП

Тимот на ГРК Тиквеш во новата ракометна сезона и официјално ќе влезе со нов тренер. Станува збор за искустниот стратег Ристо Магдинчев кој ќе го наследи Горан Андоновски на клупата во Кавадарци и ќе го води тимот во Суперлигата.

Кавадарчани најавија и засилувања, се надеваат на враќање на публиката на трибините и најавуваат големи очекувања од новата сезона, која почнува на осми септември.Тиквеш во минатата сезона во борбата за опстанок го покажа својот квалитет како успешен проект и тим кој знае да победува и заслужува да биде дел од елитното ракометно друштво. Новиот тренер Магдинчев е искусен стратег, кој минатата сезона го водеше составот на Јуниор Кисела Вода, а претходно седеше на клупите на голем број домашни екипи и екипи од странство.

Според најавите на 29 јули Магдинчев ќе го одржи првиот тренинг и состанок, на кои се очекува да се појават играчите од претходната натпреварувачка сезона, но и пет нови ракометни имиња. Според шпекулациите кавадарчани веќе закажа планински подготовки и го потврдија присуство на два турнири - во Струга и турнирот во Прилеп.

М.В.

218218885_946313532879362_5450992675154011775_n