Викендов се одиграа средбите од групната фаза од ракометниот куп

Очекувано фаворитите се пласираа во завршницата од ракометниот куп. Во групата А Вардар со 40-23 прво го совлада тимот на Јуниор КВ. Во второто полуфиналр ГРК Тиквеш службено обезбеди место во финалето по откажувањетто на Металург. Во финалето Вардар мораше добро да се намачи но сепак славеше со 33-23.Во групата Б Бутел го совлада Скопје со 25-20 а Струга – Аеродром со 32-30. Во финалето Бутел – Струга 29-23. Во полуфиналните дуели од групата В Драчево – Охрид 27-41 и Алкалоид - Еурофарм Пелистер 26-32. Во финалето славеа битолчани со 27-21 Во групата Г Пролет беше поразен од Еурофарм Пелистер 2 со 20-28 а во вториот дуел Прилеп со 30-25 го совлада Голден Арт. Федерацијата допрва треба да одреди кога и каде ке се игра финалето.Ова значи дека Вардар, Бутел и Еурофарм Пелистер веке обезбедија пласман на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра на 14/15 мај 2022 година.Се чека само да се види дали четвртиот учесник ке биде Прилеп или Еурофарм Пелистер 2

М.В.