МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Кавадарчани сеуште се тивки на трансфер пазарот но се очекува прво да го решат тренерското прашање

Голманот на ГРК Тиквеш Александар Стојаноски во новата сезона ќе има нов предизвик и нема да го продолжи својот престој во Кавадарци. Според информациите за Стојаноски постои интерес од неколку македонски суперлигаши, кои го посакуваат во своите редови, па наскоро треба да биде познат и неговиот нов клуб. Стојаноски во неговата досегашна кариера настапуваше и за екипите на Јуниор КВ, Младост Богданци, Борец, Макс Струмица, Охрид и Струга. Со екипата од Струмица играше и на европска сцена и во СЕХА лигат а во минатата сезона се покажа во солидно светло на голот на кавадарчани. Покрај Стојанновски претходно составот на Тиквеш го напушти левиот бек Јане Јанчев како и десниот бек Деан Гошевски и тренерот Горан Андоновски. Раководството на клубот ги продолжи договорите со Страхиња Симиќ и Никола Стефановиќ.

М.В.