Посебен нишан имаше звездата што падна од Кукушкото небо над домот на Делчеви, на 4 февруари 1872 г., кога се роди првото машко чедо на Султана и Никола.

Toa беше звездата што блесна и ја осветлуваше Македонија во најклучните мигови на нејзината борба за автономија. Низ само една деценија револуционерна дејност (1894 - 1903), Гоце Делчев ги сублимира и ги изрази вековните стремежи, борба, недежи, сите завршени и незапочнати битки на својот македонски народ за слобода и државност. Времето во кое се родил, време кога Македонија била под стегите на султанскиот феудализам, од една, и бунтовниот карактер, од друга страна, ја предоредиле патеката на неговата судбина. Покрај Гоце, од семејството на Никола и Султана Делчеви, за слободата на Македонија паднаа и двајцата други синови - Мицо и Милан. Сестрата Руша, пак, стана симбол на жена предадена на револуционерното дело, како и мајката Султана. Двете жени на Делчеви, заедно со паднатите јунаци, влегоа во епската историја на Македонија, како пример на пожртвуваност и секогаш ќе бидат дел од моралното и патриотското воспитување на младите генерации Македонци. Ликот и делото на Гоце Делчев беа и останаа светост за секој Македонец и затоа тој има заслужно место во вечната куќа на македонскиот опстој. Неговите коски почиваат во престолнината на слободна Македонија, според заветот што го остави. Вечна слава!