МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

–Сензорните простории во ООУ „Гоце Делчев“ во општина Центар, се новото катче каде секојдневно ќе се обезбедува унапредена педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии во училиштето.

Оваа активност е спроведена како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, и е пример за обезбедување на еднакви услови за образование и развој на децата со попреченост, со кои се придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во Северна Македонија.

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ која го спроведува проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, истакнува дека во изминатите 24 месеци од спроведување на активностите од овој проект, вклучително и оваа 11 – та сензорна соба во ООУ. „Гоце Делчев “, од општина Центар, се создаваат пристапни и стимулативни средини за учење. Со што училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование за сите деца.

„Со отворањето на сензорните простории придонесуваме секое дете да добие пристап до квалитетно образование. Тие се опремени со разновидна опрема која им обезбедува на учениците визуелна, аудитивна и тактилна стимулација при учењето, како и подобрување на фината и грубата моторика. “, рече г-ѓа Бранка Џајковска проектен менаџер на „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Подобрувањето на пристапноста и достапноста на образовниот систем за сите ученици, со посебен акцент на учениците со попреченост, за кои се потребни континуирани инвеастиции како во инфраструктурата, дидактичките помагала и секако вложување во знаењата на наставниот кадар и стручните соработници се целите на општина Центар.

Постоењето на сензорните простории во основното училиште ООУ. „Гоце Делчев“ во кое се образуваат 463 ученици, е од огромна важност за општина Центар.

„Сензорните соби нудат стимулација на учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина, во која преку индивидуална работа со 15те ученици веќе вклучени во наставата, ќе се овозможи развој на нивните потенцијали и активно вклучување во воспитниот и едукативниот процес. Среќен сум бидејќи со оваа активност ќе ги подобриме капацитетите за инклузивност не само во училиштето, туку и во општината, и не поттикнуваат партнерски да работиме, секое училиште да добие простор во кое децата ќе имаат еднакви можности за раст и развој“ – изјави градоначалникот на Центар, г-дин Горан Герасимовски.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

Ана Арсеновска Зафирова