МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

M6 Едукативниот центар, денеска отрганизираше панел дискусија „Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во професионалното образование“. Настанот се одржи во ВВ Тиквеш, Кавадарци.

Оваа дискусија го означи почетокот на соработката помеѓу Владата на Швајцарија и приватниот сектор, каде и двете страни се обврзуваат заеднички да инвестираат во едукација и развој на вештините кај работната сила. Истовремено, еминентните говорници го претставија поширокиот потенцијал и придобивките од вклученоста на приватниот сектор во развојот на вештини.

Во панел искусијата денеска учествуваа:Светозар Јаневски, Претседател на Управниот одбор на ВВ ТИКВЕШ, Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци, Н.Е. Вероник Хулман, Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија и Горан Митрески, Генерален директор на Кабтел ЛТД. Модератор беше Елена Младеновска Јеленковиќ, Извршен директор на М6 Едукативен центар.

Потпишувањето на меморандумот за соработка со обавија; Курт Вутрих, Тим лидер на проектот „Образование за вработување“и Елена Младеновска Јеленковиќ, Извршен директор на М6 Едукативен центар.

м.д.

Соопштение од ВВ Тиквеш

„Винарската визба „Тиквеш“, со своите ресурси и експертиза, активно ќе учествува во партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадар во државата, во рамки на активноста која е кофинансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“ спроведуван од „Хелветас“.

Целта на Проектот е преку специјализирани обуки кои ќе бидат дизајнирани согласно претходно идентификуваните потреби, да им се овозможи на домашните мали и средни компании пристап до нови знаења, вештини и различен вид експертиза кои ќе им помагаат да го зголемат нивниот потенцијал за раст и одржлив развој.

Со учеството во овој проект „Тиквеш“ одново покажува дека е компанија која се залага за зголемување на капацитетите и квалитетот на работењето на приватниот сектор како главен двигател на економскиот развој на земјата.

„Највредните и најефективните инвестиции за развојот на компаниите се континуираните вложувања во ново знаење на вработените на сите нивоа, во постојано унапредување на нивните вештини, како и во технолошки иновации и дигитализација, следејќи ги глобалните трендови и стандарди за одржливост, добро управување и заштита на животната средина (ESG). Истовремено, свесни за своето значење и својата општествено одговорна улога, спремни сме да го споделуваме нашето знаење со кооперантите и со останатите компании. Единствено со заедничкото делување можеме да го пребродиме непознатото“, истакна претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ Светозар Јаневски, во рамки на панел-дискусијата со која е официјализиран почетокот на реализацијата на проектот.

„Тиквеш“ е исклучително посветен на развојот на кадри и нивно постојано стручно усовршување. За таа цел, компанијата континуирано спроведува различен вид обуки и тренинзи, кои покрај за вработените и менаџерите во компанијата, се достапни и за соработниците, деловните партнери и останатите компании во земјата.

На полето на едукацијата, „Тиквеш“ ја формираше школата „Вински едукатор“ која работи согласно програмата и акредитацијата од престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (WSET) и која нуди обуки според највисоки светски стандарди. Дополнително, компанијата воспостави соработка и ги донесе во нашата земја најпознатите светски експерти во областа на винската индустрија, а од неодамна започна соработка и со една од најреномираните светски консултантски компании во областа на лозарството – Перлеуве од Италија, предводена од Џовани Бигот - водечки светски истражувач и промотор на иновации во лозарството. Нивното знаење, како и знаењето на уште голем број други домашни и странски експерти кои во изминатите години соработувале и биле ангажирани од „Тиквеш“, е ставено на располагање на сите партнери, меѓу кои и на лозарите, како и на останатите компании во агро-индустријата. На овој начин „Тиквеш“ дава значаен придонес лозарството и винската индустрија да бидат во чекор со светските трендови и да се подигне целокупното ниво на конкурентност на овие важни сектори за македонската економија.„ се наведува во соопштението за овој настан од ВВ „Тиквеш„.

378410681_695750415907345_8058323562197796620_n 378482113_695750202574033_6237526435188906629_n 380038648_695750485907338_8073158427362372286_n 380065588_695750352574018_8636944561494015889_n 378483998_695708249244895_6883100735752624781_n 378494489_695708115911575_9222162755643989345_n 378495651_695708042578249_831783645085840907_n 378529852_695750299240690_6721567384753011727_n