МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 4 јануари 1943 година во скопскиот Областен затвор е убиен Страшо Пинџур, еден од најзначајните револуционери од поновата историја на Македонија.

Роден е на 5 март 1915 година во Струмица, каде неговиот татко работи како учител. Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Горни Милановац, Неготин Краина, Крагуевац и Белград. Во Крагуевац започнува неговата револуционерна дејност, кога смело се спротивставил на психологот Василие Правуловиќ, кој генерално ги омаловажувал македонците како народ. Во Белград станал член на МАНАПО и член на студентскиот акционен одбор. Во 1939 година ја обновува работата на КП во Кавадарци. Поради неговата револуционерна определба бил на два пати апсен пред војната во 1938 и 1940 година. Во 1941 година е инструктор на Покраинскиот воен штаб, а во 1942 година и член на Покраинскиот комитет и член на Главниот штаб на Македонија . Во ноември со Мирче Ацев се испратени во Велес да ја средат работата на Месниот комитет од овој град кој настрадал по разбивањето на партизанскиот одред “Димитар Влахов“. Уапсени се со Мирче и однесени во Скопскиот затвор, каде се безмилосно тепани и измачувани од страна на бугарските агенти. Страшо починал како последица од тепањето на 4 јануари 1943 година, и до денеска не се знае каде е неговиот гроб. За народен херој е прогласен на 29.07.1945 година.