На 24 септември 1943 година , со наредба на ГШ на НО војска и партизанските единици на Македонија на планината Кајмакчалан од партизанските одреди “Добри Даскалов“, “Сава Михајлов“ како и дел од битолскиот одред “Гоце Делчев“ е формиран баталјонот “Страшо Пинџур“.

Со наредбата е формиран и Штаб на одредот кој го сочинувале: Диме Туриманџовски-Горски, командант, НиколаТодоровски-политички комесар, Тихомир Милошевски, заманик командант и Ристо Бајалски- зам. Полит. Комесар. На денот на формирањето баталјонот “Страшо Пинџур“ имал 144 борци, меѓу кои и 19 италијански војници. На 2 октомври баталјонот ја извршил првата борбена задача напаѓајќи го германското обезбедување на рудникот Дудица, при што заробиле 25 германски војници и офицери, многу оружје и муниција, а 80 рудари од рудникот им се приклучиле на партизаните. По низа успешни борбени акции на 20 декември 1943 година баталјонот станува составен дел на Втората македонска ударна бригада.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)