МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Вчера беа одбележани 70 години постоење на Локалната библиотека “Страшо Пинџур” во Неготино. На свечен начин беа прогласени нај читателите за лето 2015.

-Нашата приказна започна во 1945 година, во времето кога светот беше црно - бел и полека почнуваше да се обојува во трка со технологијата. Денес сме преплавени со бои но нешто остана црно - бело, црното мастило и белата хартија, кои ја имаат најголемата моќ да произведат безбројни нијанси, да поврзат безбројни светови и соништа сеуште неотсонувани, рече директорката Катерина Данаилова.

По повод јубилејот, вчерашниот ден беше прогласен за ден на поезијата, па секој посетител во градската библиотека доби подарок збирка поезија.