Денеска се случи пожар во музичкото училиште „Владимир Арсовски“ во Неготино. За неколку минути учениците и наставниците беа навреме евакуирани, од страна на локалната противпожрна единица и брзата помош. За среќа немаше повредени, пожарникарите успешно си ја завршија рабоата.

Ова всушност беше показна вежба со која што се одбележа денот на пожарникарите 20 мај. Вежбата имаше за цел да ги научи присутните како треба правилно да постапат во случај на пожар , да се евакуираат и да се спречи пожарот да не се рашири.Оваа показна вежба беше дел од програмата за работа на музичкото училиште, вели директората Менка Богоевска која што ја оцени вежбата за доста успешнаНа самиот настан присуствуваше и градоначалникот Ванчо Апостолов, кој им го честиташе денот на сите пожарникари. Оваа активност имаше превентивно – едукативен карактер за заштита на граѓаните на материјалните и другите добра од пожарникарите со цел приближување на територијалната противпожарна заштита до училишната популација.