За нејзината работа се трошат само 5 м3 вода месечно

Според податотите од ФБ профилот на градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов, новата фонтана во Неготино е изградена со средства од Буџетот на општина Неготино. Веќе неколку денови таа е во функција на задоволство на граѓаните-посетители на централното градско подрачје кои во текот на целиот ден, а посебно во вечерните часови, застануваат и со интерес го следат работењето на новоизградената фонтана.

111111111111111111111.jpg.jpg

Фонтаната е изградена според сите пропишани стандарди, за непречено нејзино функционирање вградени се сите неопходни елементи, а она што истата ја прави посебно атрактивната се поставените светлосни уреди.

-„Би сакал да ја информирам пошироката јавност дека потрошувачката на вода за работењето на фонтаната е минимална и изнесува само 5 метри кубни во текот на еден месец, а како што тоа го правевме и во изминатиот четирогодишен период кога е во прашање реализирањето на проекти за подобрување на водоснабдувањето, со иста посветеност и динамика продолжуваме и во иднина, со единствена цел граѓаните на општина Неготино да ги почуствуваат благодетите во делот на водоснабдувањето од сите реализирани проекти“ наведува градоначалникот на Неготино Апостолов на својот ФБ профил.