МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Според градоначалникот Тони Делков, приоритет имаат предлозите на граѓаните и сознанијата од терен

Ова комунална активност се прави зради фактот дека патната инфраструктура е во лоша состојба и е потребна итна интервенција во пресрет на доаѓањето на зимскиот период. Градоначалникот информираше дека санирањето на ударните дупки започна со активности на главната улица во градот „Маршал Тито“ која впрочем е и најфреквентна за сообраќај, а ќе се продолжи со санирање на дупките и на останатите улици каде што има потреба од интервенција, а се со цел за создавање услови за нормално одвивање на сообраќајот и овозможување поголема безбедност и за возачите и пешаците .

Предвидено е работници на фирмата-изведувач „Изолација“ да постават 30 тони асфалт, за што општината од Буџетот ќе издвои средства во висина од 600.000 денари. Градоначалникот Делков изјави дека во тек е изготвувањето на Програмата за работа и Буџетот на општина Неготино за 2018-та година и во истите се предвидува веќе напролет да се започне со комплетна реконструкција и санација на повеќе улици во градот кај кои се регистрирани најголеми оштетувања.

Извор www.negotono.gov.mk