Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, на нивно барање, прими и се задржа во краток разговор со претставници на фирмата „Симекс груп“ од Бурса-Република Турција
на средбата гостите ги презентираа своите намери да инвестираат во отворање производствен погон на подрачјето на општина Неготино во кој на почетокот вработување би нашле 10-тина невработени граѓани од неготинска општина. Имено, „Симекс груп“ планира во Неготино да отвори погон во кој ќе се произведува опрема за пчеларство за што веќе ги имаат обезбедено и потребните машини за старт на производството. Градоначалникот Делков истакна дека секое едно ново вработување ќе претставува бенефит за едно семејство од нашата општина и негова и интенција на општина е да се создадат што е можно повеќе и подобри услови и други компании да покажат интерес за инвестирање во општина Неготино, отворање нови работни места и намалување на бројот на невработени. Првиот човек на општината Делков ги запозна потенцијалните инвеститори со одличната местоположба на нашиот град, како и со фактот дека општината располага со веќе подготвени градежни парцели за продажба во Индустриските зони,а гостите од Турција покажаа интерес за купување на една од споменатите градежни парцели.
Извор www.negotino.gov.mk